Фаучи: Конечно ќе можам да ја гушнам ќерка ми по една година

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Белата куќа имаше „сериозни разговори” со Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) во врска со препораките за луѓето што биле вакцинирани против ковид-19 да можат да минуваат време заедно, откри водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи.

– Едвај чекам да се одобри таа препорака, за да можам да ја гушнам ќерка ми по една година, изјави Фаучи за „Си-Ен-Ен“.

Фаучи, кој е научен советник на Бајден, процени дека ризикот од ковид-19 е драстично намален кај луѓето кои примиле две дози од вакцината, иако, како што вели, тој не исчезнал целосно.

– Конечно ќе почнеме да слушаме луѓе кои велат: „Еј, се повеќе луѓе примија вакцина, сега можам да вечерам со поширокото семејство, луѓе можат да дојдат во мојот дом, додаде Фаучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот