Фаучи има доверба во „Фајзер“, ќе ја прими вакцината доколку е одобрена

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи денеска изјави дека ќе ја прими вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер”, доколку биде одобрена од Агенцијата за храна и лекови (ФДА).

Тој потенцираше дека има доверба во таа компанија како и во Агенцијата.

– И верувам на компанијата Фајзер. Имам доверба во ФДА. Тие се мои колеги со децении, научници од кариера. Ако вакцината биде одобрена, ветувам дека јас и моето семејство ќе ја примиме, изјави Фаучи за телевизијата МСНБЦ.

Фармацевтските компании Фајзер од САД и германската Бионтек соопштија дека нивната експериментална вакцина има ефикасност од над 90 проценти во спречувањето на ковид-19, врз основа на првичните податоци од големата студија, што претставува голема победа во борбата против пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот