Фаучи апелираше граѓаните „да бидат дел од решението“ и да се вакцинираат против ковид-19

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи ги повика граѓаните „да бидат дел од решението” и да се вакцинираат кога вакцината против коронавирусот ќе биде достапна, додека САД се подготвуваат за првата фаза на имунизација против Ковид-19, пишува Си-Ен-Ен.

„Кажете си дека нема да бидете личноста преку која вирусот ќе помине на друга личност, запрете го пренесувањето на Ковид-19″, напиша Фаучи на Фејсбук.

Како што пренесуваат странските агенции, во САД вирусот се шири со голема брзина, а минатиот месец 20 пати беше забележан рекорден број на пациенти хоспитализирани поради ковид-19. Последниот најголем број хоспитализирани пациенти е забележан во понеделникот, кога беше потврдено дека 96.039 лица се во болница.

Досега во земјава се пријавени 13,5 милиони случаи на ковид-19 и 268.045 смртни случаи.

Вакцинацијата ќе започне на денот кога вакцините ќе бидат испорачани или следниот ден, велат надлежните.

– Дури и откако ќе започне вакцинацијата во декември, нема да има доволно вакцини за масовна имунизација до април или мај 2021 година, рече Фаучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот