Фатмир Дехари: Во Кичево нема заразени, повикувм на претпазливост и посветеност

Тој ги повика граѓаните да продолжат да бидат претпазливи и како што рече не смееме да се опуштиме во ниту еден момент.

Градоначалникот на општина, Кичево Фатмир Дехари денеска информираше дека во соработка со секторот за внатрешни работи и здравствените институции, презедени се сите мерки за справување со Ковид-19.

-Ги презедовме сите мерки и благодарение на високата свест на нашите граѓани, посветеност и дисциплина, мерките очигледно даваат резултати, бидеќи до овој момент, за среќа, немаме заразени во нашата општина, истакна Дехари.

Тој ги повика граѓаните да продолжат да бидат претпазливи и како што рече не смееме да се опуштиме во ниту еден момент.

Во Кичево се почитуваат мерките на Владата, а во последните денови немаше никакви прекршувања на мерката самоизолација.

Од полициската станица Кичево информираат дека е поднеса кривична пријава против 39-годишникот  Б.М. од Кичево, кој околу 3 часот наутро, патувал во својот автомобил од Македонски Брод кон Кичево и не ја почитувал владината мерка за ограничување на движење за време на полицискиот час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот