Фатмир Бесими не планира државна функција

Коха

Фатмир Бесими, поранешниот министер за економија, актуелно е посветен на академската професија, конкретно работата на универзитет, а не планира да прифати државна функција. Контактиран од весникот Коха, Бесими вели дека негов приоритет, како и на општеството во целост, останува членството во НАТО и започнувањето на преговори со Европската унија.

– Актуелно, мојата главна преокупација во професионалниот живот е ангажманот во академската сфера, односно работата на универзитет, како и професионалната соработка со институциите и меѓународните организации. Инаку немам ниту еден ангажман во некоја јавна фунција или владина, и не планирам. Што се однесува до веста која е во врска со некоја јавна функција, само можам да кажам дека сметам дека во овој момент – приоритет на нашето општество е членството во НАТО и започнувањето преговори со Европска унија, кои треба да бидат проследени со адекватни реформи за засилување на кредибилитетот на институциите и зголемувањето на инвестициите, создавање на работни места и подобрување на благосостојбата на граѓаните, а не шпекулации во врска со кадровските прашања – вели Бесими.

Инаку, пред еден ден, весникот Коха известуваше дека во ДУИ не се откажале од именувањето на Бесими на функцијата гувернер на Народната банка на Северна Македонија, доколку Анита Ангеловска Бежоска биде именувана во министерството за финaнсии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот