Фатиме Фетаи: Сочно ја опцув Јанева поради нејзината наредба за претрес

-Сочно опцув и тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани. Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување, изјави обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи за Телма.

Фетаи вели дека полицаецот и кажал како наредбата е за сите вработени во СЈО и дека претресите треба да се изведуваат и при влегување и излегување во зградата на Рузвелтова.

-Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО, вели Фетаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот