Фатиме Фалконе во филмот „МИДНАЈТ ЛОПО‘ѓ

агим јонуз

Ј*бо те народ на кого му е по важно дали наместо Катица Јанева ќе застане Петко или Асан на чело на СЈО, отколку дали јазолот на целата криминална рошомонијада ќе биде одврзан и сервиран на јавноста. Додека светлото надеж дека нешто ќе почне дефинитивно да индицира дека системот стреми кон позитивна еволуција, средновековниот модел на „бла, бла, царот има големи уши“ доживува ренесанса „до“ разоткривајќи ја димензијата на трулост која сите нас не држи како заложници на неспособноста да се води држава. Кога го велам тоа, не мислам само на премиерот, туку на сите нас како граѓани кои голтајќи ја папазјанијата на поедини медиуми, новинари, аналитичари и експерти, не преземаме нешто и речеме: „доста бре, идите у п*зду материну, дајте разврска“!

Не псуј бе сељак! Море има да псујам….

Времето тече како од чешма. Еве го „утре“ денот коа ќе треба да знаеме дали ќе го добиеме датумот за преговори, или ќе не мавнат по уши и ќе ни забележат дека се уште во филмот „Миднајт Лопов‘с“ ние немаме откриено „ко је убица на крају филма“. Од друга страна, не се ни замараме затоа што ни е побитно кој каубој каков шешир носи, а се останато „на вујна му‘‘.

Креаторите на сценариото „купуваме време и создаваме хаос“ сосема заслужено си го заработуваат лебот, а нарачателите наместо да садат патлиџан у Шутка, го јадат сервиран и исецкан со маслиново масло и хималајска сол. И ама баш „ич такво не им чуе“. Нахраниле, напоиле и прошетале се живо и диво, па да видиме има ли некој три чисти да му се спротивстави.

Пак ли ќе филозофираш бе! Аман! … Не! Само сакам да кажам дека…

Што се однесува до СЈО, Србите имаат една фраза „горих немамо, а боље не можемо начи“. Кој е ликот кој евентуално може да го преземе кормилото на СЈО, ама не за да позира него „маме да плаче“ на се што е труло и што треба одма да иде у апсана? Со оглед на тоа дека Катето на највошкарска финта од пет иљади евра падна на испит и покажа дека и најцрвените јабуки одвнатре може да се црвливи, дали треба да сметаме дека сепак треба да е машко, за да можеме да се повикаме на фразата „има или нема муда“. Има тука уште „мудоњи“ ако се во сукња и високи потпетици.

Ај, ај, певај кој ти е фаворит!?

Кога првпат се појави во јавноста, Фатиме Фетаи, предизвика реакции од типот „ууу ама змијааа“! Со оние очине што сечат ко жилет и јазик а‘ла „не дај боже да ми е жена“, јавноста препозна модел на обвинител кој ќе им земе мерка на лоповааната и ќе го оправда постоењето на СЈО на чело со Катица. Онаа со оној јагнешки поглед што оддаваше доверба дека е „домаќинче дете“. Се покажа точно дека е домаќинче. Си купила намештај за по дома де. Ама сте ситничари.

Продужи!… Слушаме!…

Фатиме Фетаи од самиот почеток покажа доследност која до моментов не е разнишана, а ниту како име е спомната во било каков контекст на „мучки“. Како Албанка, притисната од неколкукратни етичко морални, конзервативни и традиционални стеги, таа нема никаков поинаков избор освен реално да ја оправда својата позиција на која е поставена. Конзервативноста на албанскиот фолклор кон жената наметнува одговорност која е безрезервно незаменлива во ставот дека најважен е „образот“!

А бе дај не заебаај… за каков образ тресеш…..

Да, да! Позицијата на жената Албанка во јавниот живот е оптеретен со детали кои не може секој да ги разбере ако не знае што е тоа „Дукаѓиновски шмек“. Законот на „честа“. Законот на тоа што светлината на правдата ја носи на пиедестал повисок од било кои протекционизми, непотизми, неправди, коруптивизми, а згора на се колку и да звучи банално, ќе го повторам зборот – образот. Архаично, но, безвременски димензиониран и дефиниран феномен на – честа!

Од друга страна гледано, од општествено одговорен аспект ајде да размислуваме вака. Одамна се забележува дека албанската страна никој се уште не ја чепка од разно разни причини. Зошто не би оставиле таа да покаже дека токму стегите кои ја држат во позиција на исправен р‘бетен столб и наметнуваат да ја покаже таа „Дукаѓинска“ филозофија на решавање на проблеми. Нема пардон. „Ни по баби, ни по стричевима“!

Ма, дај бе не треси! Па не е ова Шар Планина! Не шиткај селски филозофии!

МОЛИМ?! Селски? Па, поселски од ова што се праеше до сега нема ни кај Гиго у шупа. Па резил се напраифме од тука до Камчатка бе кретени! Имате ли огледало да се видиме сите заедно на кое дереџе сме!

Не вреѓај бе алоо! Која ти е поентата?

Се дрекате ли цело време „а бе шиптарите никој не ги чачка“. Аха, ете бе! Остајте шиптарка да ги чачка шиптарите и тоа баш „дукаѓински“. Ама пази, тоа иде и ваму и таму. Битно е да гори се што треба да гори, па нека остане мало парче зеленило ама нека е за мерак. Немој после „куку што напраивме“!? Ама, таа (Фатиме) маме ќе им расплаче на сите. Додуше, сите знаат дека сум во право, туку прашањето е дали е доволно комерцијална за политички пазари, за „сана-бана“ комбинаторики и политички „шуш-буш“??

Не е! А-хаа!

Е па, ј*бите се!

„Фатиме Фалконе у филму „Миднајт Лопов‘с“! Ј‘ебо те, како звучи, а!? Со оној змиски поглед и со уста „да не ти е жена дома“. А со итаљански стајлинг уз шиптарски инает! Уууууу! Наебаа лоповите!

Фатимее… Пуштимее! …

Да си пишувам колумна ма! Да си извадам дневница! Глеаш дека те фалам!
( Wink, wink…)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот