Фатете го бикот за роговите, му рече Борисов на Ковачевски

Фото: Влада на РСМ

На крајот од официјалната посета на Бугарија, премиерот Димитар Ковачевски беше примен од лидерот на бугaрската партија ГЕРБ, Бојко Борисов.

На средбата од бугарска страна присуствуваа двајца поранешни министри за надворешни работи, Екатерина Захариева и Даниел Митов, како и поранешниот вицепремиер Томислав Дончев, јави дописникот на МИА од Софија.

Уште на почетокот на средбата, Борисов ја напомена улогата на Бугарија за рестартирањето на процесот на евроинтеграции на Западен Балкан, кое започна за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година.

Тој исто така рече дека целиот демократски западен свет го прифатил потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија во август 2017 година од страна на Борисов и поранешниот премиер Зоран Заев.

За време на разговорот со македонската делегација, предводена од премиерот Ковачевски, Борисов кажа дека Скопје не треба да ги одложува клучните теми за на крај.

– Тоа беше наша грешка. Важните прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата треба да ги решите веднаш. Фатете го бикот за роговите. Решете ги веднаш, рече Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот