Фатени на лице место, две лица краделе од автомобили во Карпош

Крадец / Фото: Профимедиа

Полицијата синоќа уапсила двајца крадци, кои во текот на септември и октомври имале извршено вкупно 18 кривични дела „тешка кражба” во патнички возила на територијата на Скопје.

– На 19.11.2020 околу  03.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош биле лишени од слобода П.К.(48) и С.А.(40), двајцата од Скопје, бидејќи биле фатени на лице место како извршуваат кривично дело „тешка кражба ” во патничко возило, сопственост на Г. И. (49) од Скопје. Двајцата крадци биле приведени во Полициската станица Карпош и при извршен разговор со нив појасниле дека во текот на септември и октомври имале извршено 18 кривични дела „тешка кражба” во патнички возила на територијата на Скопје, информираат од МВР.

Против лицата, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот