Фатена банда крадци од Прилеп, „оперирале“ во куќи, магацини, цркви, манастири и викендички

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Битолската полиција поднесе пријава против петчлена група крадци од Прилеп, кои во текот на речиси една година краделе во Битола и битолско, соопшти МВР.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против С.А.(33), Ф.Е.(40), Џ.А.(30), Е.Б.(33), Е.А.(26) и Ф.Ќ.(39), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени 87 кривични дела „тешка кражба”, „кражба” и „прикривање”. Пријавените, во периодот од април 2021 до февруари 2022 година, на подрачјето на Битола и селата Путурус, Црнобуки, Вашарејца, Добрушево, Радобор и Трап“, се вели во полицискиот билтен.

„Тие со употреба на погоден предмет и физичка сила, извршиле тешки кражби, тешки кражби во обид и кражби во куќи, викендици, стопански дворови, цркви, манастири, магацини, базни станици, при што одзеле разни предмети и се стекнале со противправна имотна корист од 1.524.400 денари“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот