Фатен Турчин во обид да шверцува лекови, цигари, казино картички и брендирана спортска облека

Фото: МВР

Полицијата денеска го приведе пеесет и шестгодишниот Ф.Т, турски државјанин кој во автобус кој што го управувал се обидел да шверцува и лекови, цигари, казино картички и брендирана спортска облека.

„Денеска (29.09.2023) во 04.30 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на с.Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Ф.Т.(56) од Република Турција, со живеалиште во Скопје. При контрола во автобус „мерцедес” со турски национални ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени 81 кутија таблети „ксарелто”, повеќе штеки цигари, медицинско помагало, повеќе комплети брендирана спортска облека и 10.000 казино картички за кои не поседувал документација“, информираат од МВР.

Фото: МВР

 

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот