Фатен сериски крадец на коли од Гостивар, „оперирал“ во Тетово

Крадец на автомобил/ Фото: Профимедиа

39-гостиварец доби кривична пријава поради тоа што минатата зима украл четири автомобили и едно товарно возило од Тетово и околината, соопшти полицијата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М.(39) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „одземање на моторно возило” и едно „тешка кражба”. Пријавениот, во периодот од 01.12.2020 до 08.02.2021 на различни локации на тетовското подрачје, со употреба на физичка сила и подесен алат одзел четири патнички моторни возила и едно товарно моторно возило, се вели во полициското соопштение.

По преземени мерки, возилата биле пронајдени и вратени на сопствениците, се додава во полицискиот билтен.

Видео на денот