Фатен на дело крадец од Скопје, осомничен е и за кражбата на делата на Павле Кузмановски

Фото: Архива

Рано утрово во 02.00 часот на булеварот „Партизански одреди” полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје.  Тој бил затекнат при обид за извршување на „тешка кражба” во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото.

Притоа, кај него е пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба” пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар” во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики, велат од МВР.

Осомничениот крадец е предаден во полициската станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, најавуваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот