Фатен крадец „на лице место”, сузбиена група што крадела од банкомати

Илустрација банкомат / Фото Архива

 Полициски службеници од СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за насилен криминал на 02.02.2021 околу 04 часот во трговски центар во Куманово го приведоа А.М. (40)  од Косово при обид насилно да украде поголема сума пари од банкомат сместен во трговскиот центар. По преземени дополнителни активности, во врска со ова кривично дело, на граничниот премин Јажинце приведени се Ф.Л.(42), Б.Х. (39) и Б.А.(50), сите од Косово.

Против приведените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Куманово, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот