Фаталната убавина на Карфања му го распадна бракот, а политичките ставови партијата

Фото: ЕПА

Ќе дојде ли до раздор во партијата Форца Италија на Силвио Берлускони поради приближувањето до антимиграциската Лига на Матео Салвини, ќе се дознае од внимателно избраните убави жени во неговата партија, пренесува српски „Блиц“.

Мара Карфања, поранешен фото-модел која Берлускони ја именуваше за министерка за рамноправност, собира поддршка за бунт во редовите на Форца Италија поради тоа што се противи за сојузот со Салвини, пишува „Еуроактив“.

Фото: Инстаграм

– Потребна ни е либерална и популарна десница која не поттикнува омраза и нетрпеливост – одговори поранешната учесничка за Мис Италија на негирањето на тврдењата на Берлускони политички да го афирмира популизмот на Салвини.

Дури 50 од 160 членови на парламентот од партијта моментално се согласуваат со Карфања и не ја одобруваат одлуката на Берлускони да се доближи до популизмот.

Неговите намери е невозможно да се предвидат, но факт е дека неговата партија се соочува со пад на поддршката, велат експертите.

Карфања ја критикуваше Лига на Салвини неколку пати. Минатиот месец одби да се придружи на неговиот собир откако дозна дека десничарската група Каса Паунд ќе биде присутна на настанот.

Овој месец се спротистави на гласањето на Форца Италија против предлогот за формирање на парламентарен одбор за борба против омразата, расизмот и антисемитизмот. Парламентот го одобри наведениот предлог на Лилијана Серге, преживеана жртва на ужасите во Аушвиц, но трите десничарски партии, вклучувајќи ги и евроскептиците Лига, се воздржаа од гласање.

Расцепот во партијата би можел да бдие тежок удар за Берлускони кој настојува да ја одржи својата партија како една целина. А со убавината на жените од неговата партија тој особено сака да се фали.

– Левицата нема вкус ни кога станува збор за жени – рече тој во една прилика.

Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Фаталната убавина на Карфања беше, покрај оргиите и младите љубовницим една од причините поради кои бракот на Берлускони се распадне. Една година по приемот во партијата, Берлускони ја именуваше за министерка и најави дека со задоволство би ја „земал за жена“. На неговата тогашна сопруга тоа не ѝ се допадна, па преку весник таа бараше извинување од него.

Во меѓувреме, Карфања стана ценета политичарка и позната во борбата против насилството над жените.

Сега поради убавите жени би можела да се распадне целата партија на Берлускони. Во случај Карфања да успее да основа опозциска партија, таа би се сместила во самиот центар на политичкиот спектар. На левата страна би останала коалицијата Пет ѕвезди и Демократската партија.

Прашање е дали „вртењето кон десно“ на Берлускони значи скок во политичката моќ или продолжување на скандалите поради кои беше принуден да ја напушти премиерската позиција во 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот