Фашистичко салутирање на навивачите на Лацио! (ВИДЕО)

twitter.com/Broony_8

Во Глазгов (Шкотска) пристигнаа неколку стотици навивачи на Лацио кои на еден ден пред мечот направија помали инциденти во центарот на градот.

Ја погодуваа полицијата со шишиња, по што изби тепачка, а неколкумина биле приведени.

На денот на мечот беа во центарот на градот, а на Твитер се објави снимка на која неколку десетици маршираа кон градот со крената десна рака, односно со фашистички поздрав.

Навивачите на Лацио се познати по ултрадесничарски, а често и фашистички ставови, а римскиот клуб неколку пати бил казнуван поради расистички навреди кон црните фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот