Фасцинантни бројки: Ѓоковиќ испишува нови страници во историјата на тенисот!

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Со освојувањето на титулата во Синсинати (САД), Новак Ѓоковиќ докажа уште еднаш зошто и натаму е најдобар тенисер на светот. Српскиот ас на тој начин шампионски се загреа пред новиот уште поголем предизвик, грен слем турнирот „УС Опен“ кој ќе стартува за два дена.

После неверојатната победа против Роберто Баутиста-Агут, приреди уште еден спектакл со триумфот над Канаѓанецот Милош Раонич за нови историски бројки во тенискиот свет. Како што е веќе познато, во Синсинати Ѓоковиќ успеа да ја освои јубилејната 80 титула, пред него на „вечната листа“ се само Рафаел Надал (85) и Рожер Федерер (103).

Воедно се закити со 35 Мастерс трофеј, и се израмни со Шпанецот Надал на врвот. Потоа, Ноле стана единствениот тенисер на светот кој макар по двапати ги освојуваше сите турнири од Мастерс серијата.

Ја продолжи победничката серија започната уште пред пандемијата на коронавирус, има 23 победи по ред во 2020 година и не знае за пораз.

Веќе објавивме, нема премногу за славје и одмор, бидејќи веќе во понеделник првиот светски рекет го очекува нов меч, ривал во првото коло на УС Опен ќе му биде претставникот на Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур. Ѓоковиќ ќе ја брка својата 18 грен слем титула во кариерата, моментно Надал има 19, а Швајцарецот Федерер 20.

Ѓоковиќ шампионски пред „УС Опен“, со пресврт до титулата во Синсинати! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот