Фарук Бихорац е нов играч на ФК Академија Пандев

Бихорац ја освежува одбраната на „пандевци“/Фото:facebook.com/fkakademijapandev

Денеска фудбалскиот клуб Академија Пандев ја информираше јавноста дека нивни нов играч е Фарук Бихорац.

Централниот одбранбен играч кој доаѓа од Србија е најновото засилување за прволигашкиот клуб. Бихорац ја доби потребната документација и се стекна со право за настап на следниот натпревар против ФК Работнички.

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Работнички ќе се одигра в недела со почеток во 20.00 часот.

25-годишниот дефанзивец досега настапуваше за Нови Пазар, Хајдук Кула, Железничар Лајковац, Јошаница, Кабел и Вележ Мостар.

Пред три дена „пандевци“ го промовираа и Гамбиецот Оусман Маронг кој игра на позициите офанзивен играч за врска и крилен напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот