Фармерите на протест во Холандија, создале колони подолги од 1100 километри (ВИДЕО)

Фармери со трактори денеска протестирале во Холандија, што довело до огромни сообраќајни гужви.
Тие го предизвикале најголемиот сообраќаен колапс кој некогаш бил забележан во историјата на оваа земја, јавуваат локалните медиуми.

Протестот се одвивал во утринските часови кога вработените оделе на работа, а како што јавува „Би-Би-Си“, во дел од земјата се создале колони, кои биле долги 1136 километри во најлошиот момент.

Зошто протестирале?

Фармерите протестирале бидејќи биле лути поради тврдењата во најголем дел тие се виновни за загадувањето на околуната, односно на се поголемата емисија на азот во атмосферата.
Пред протестите излегло известување со тврдење кое воедно пивикало на затворање на неефикасните фарми за говеда. Покрај тоа, биле намалени и ограничувањата на брзината за загадувањето да се ограничи.

Поради ова, фармерите веруваат дека вината е фрлена кон нив, додека од друга страна, никој не ја споменува авиоиндустријата.

Тројце приведени

Фармерите поради ова утринава со своите трактори излегоа на протест, а некои од нив по пат срушиле и некои огради, поради што три лица биле приведени.

Илјадници од нив, во главно во трактори, учествувале во протестите во центарот на Хаг.
Полицијата известила дека таму имало околу 2.200, пренесува „Би-Би-Си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот