ФАРЕ кампања: „Фудбалски луѓе“, во организација на ФФМ и МЦКР

ФАРЕ акционата недела која се одржува под мотото „ФУДБАЛСКИ ЛУЃЕ„ обединува фудбалски навивачи, поддржувачи, клубови, играчи, малцински групи и заедници кои се борат притив дискриминацијата во фудбалот и споротот.

Оваа кампања се одржува во текот на Октомври секоја година. Во текот на годинешната акција ќе се мобилизираат 150.000 луѓе, со повеќе од 2.000 настани во над 50 земји со порска за поддршка на разновидноста и вклучување на сите маргинализирани групи во оваа магична игра. Ова е најголема кампања во светот за социјални промени во фудбалот. Во последниве години активности се одвиваат низ целиот свет, во скоро секоја европска земја и во Аргентина, Бразил, Камерун, Мексико, Виетнам, Тајланд, САД и Јужна Африка поддржани од некои од наголемите ѕвезди во фудбалот како Јаја Туре, Икер Касилјас, Дидие Дрогба, Томас Хицлспергер, Кејси Стони, Анита Асанте, Марко Верати, Џорџо Киелини и Единсон Кавани.

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Македонскиот Центар за Култура и Развој како национален ФАРЕ координатор и оваа година ја организираат оваа манифестација во нашата земја и на сите натпревари од Првата фудбалска лига кои ќе се одржаат на 25 Октомври ќе бидат покажани црвени картони со порака НАЦИОНАЛИЗМОТ И РАСИЗМОТ НАДВОР ОД ФУДБАЛОТ.

Ваквиот вид на активности имаат суштинско значење за развојот на фудбалот и за неговата позитивна општествена улога и Фудбалската федерација на Македонија дава континуирана поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот