ФАО со 350 милиони долари може да спречи глад во светот

Ако земјоделците немаат пристап до своите полиња или немаат средства или пристап да купат семиња и други материјали за садење или за купување добиточна храна, сезоната на садење ќе се пропушти, земјоделството значително ќе се намали и животните ќе умрат.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) бара 350 милиони долари со цел да се зголемат активности во борбата против гладот ​​и да се подобрат животните услови поради кризата со храна што може да настане како последица од пандемијата.

И покрај тоа што допрва треба да се види целосното и долгорочното влијание на пандемијата врз обезбедувањето со храна, веќе постојат показатели дека во земјите погодени од глад, луѓето се потешко се борат за пристап до храна бидејќи приходите паѓаат, а цените на храната растат, се вели во соопштението на ФАО.

Ако земјоделците немаат пристап до своите полиња или немаат средства или пристап да купат семиња и други материјали за садење или за купување добиточна храна, сезоната на садење ќе се пропушти, земјоделството значително ќе се намали и животните ќе умрат.

Тоа, како што се наведува во соопштението, значи дека помалку храна ќе биде достапна и во руралните и во урбаните области.

Новото барање за финансирање од страна на ФАО во износ од 350 милиони долари е за три пати поголемо отколку на крајот на март, затоа што социо-економските влијанија на Ковид-19 стануваат сè поочигледни. Хуманитарниот одговор на ФАО на Ковид-19 е дел од Глобалниот план за хуманитарна реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот