ФАО: Природните катастрофи го загрозуваат производството на храна

Фото: devex.com

Зголемениот број на природни катастрофи го загрозуваат системот за производство на храна на планетата, предупреди денеска Организацијата на Обединети нации за земјоделство и храна (ФАО) и ја повика меѓународната заедница да инвестира повеќе за да ги намали ризиците и да ги направи земјоделските системи „поотпорни”.

Во извештајот на ФАО се наведува дека поради сушите, поплавите, бурите, цунамите, шумските пожари, инвазиите на штетници, епидемиите земјоделството плаќа висока цена во сите сектори.

– Во земјите со ниски и средни примања земјоделството апсорбираше една-четвртина (26 проценти) од последиците од катастрофите помеѓу 2008 и 2018 година, изјави претставникот на ФАО за итни случаи, Доминик Биржон.

Тој додаде дека во тој период е забележана загуба од 108,5 милијарди долари во производството на сточна храна.

– Овие економски загуби можат да имаат разорно влијание врз животот на луѓето. Повеќе од две милијарди луѓе зависат од земјоделството, посочи Биржон.

По една деценија природни катастрофи, глобално затоплување, топење на глечерите и зголемување на нивото на морето, минатата година беше обележана со пандемијата на Ковид-19, што ги наруши синџирите за производство на храна, бидејќи во некои региони имаше рекордни поплави, а скакулците уништија посеви и пасиштата во неколку африкански, арапски и земји во Југоисточна Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот