ФАО: Нагло поскапе храната во септември

Во ЈАР поголем стравот од мерките и рестрикциите отколку од самата мутација/ Фото: EPA

Цените на храната, четврти месец по ред, во септември се зголемија на светските пазари, предводени од големото поскапување на растителните масла и житарките, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на ФАО за цените на храната во кошницата за основни прехранбени производи во септември се зголемил за пет проценти од ревидираната вредност во претходниот месец, на просечни 97,9 поени.

Минатиот месец најмногу се зголемиле цените на растителните масла, за шест проценти во споредба со август, достигнувајќи највисоко ниво во осум месеци благодарение на зголемената побарувачка за увоз на палмино масло и пониските резерви во Малезија.

Многу се зголемија и цените на сончогледовото масло, најмногу поради влошените изгледи за принос во регионот на Црното Море.

Цените на житарките скокнаа и за 5,1 процент, предводени од наглиот пораст на цените на пченицата поради зголемената побарувачка водена од загриженоста за производството на јужната хемисфера и сушата што негативно влијае на сеидбата на зимската пченица во Европа.

Во споредба со септември минатата година, цените на житарките се зголемени за 13,6 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот