Фантоми од Пустец живееле на адреса на МВР

лични карти
Лични карти / Фото: МИА

Детурим Сулејмани, вработен во Одделот на МВР за издавање лични документи во Ресен на денешното рочиште на процесот „Титаник” објасни дека од октомври 2012 до април 2013 година имало неправилности во издавањето на македонски лични документи на граѓани од Пустец и Мала Преспа.

Сулејмани дека имало случај кога 40 до 50 лица имале документ за склучен договор за живеење на една адреса. Рече дека кога реагирал, од неговата шефица му било речено да си ја работи работата оти тоа од “горе” било наредено.

– Беше користена и мобилната станица за сликање на државјани на Албанија кои се сликаа во Ресен за да добијат лични документи, а адресата им беше улица “Димче Мирчев” во Скопје, односно адресата на која се наоѓа МВР. Имаше и списоци кој Едмонд Темелко ги имаше доставено до МВР, а потоа тие беа доставувани До нашите шефови – рече Сулејмани.

Сведокот наведе дека во мобилната станица која според прописите се фотографирале болни лица и инвалиди, се фотографирале лица од Албанија. Фотографирањето за личните документи било извршено во мобилната станица кога таа била во Ресен, како најблизок град за нив според местото на живеење.

Во предметот „Титаник“ обвинети се дваесетина лица меѓу кои и експремиерот и бегалец Никола Груевски, ексминистрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски и уште неколкумина. Според обвинението на СЈО, обвинетите се гонат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот