Фантастичниот Ферстапен ја прекина доминацијата на Мерцедес
Макс Ферстапен со фантастично возење успеа да триумфира на трката за Големата награда на Австрија која се возеше на патеката „Ред Бул ринг“. Возачот на Ред Бул до победата дојде откако на три круга до крајот, во битката за првото место, прво го престигна, а потоа и го истурка Шарл Леклер од Ферари од патеката.
(#F1 #AustrianGP) Max Verstappen TAKE THE LEADS!!! pic.twitter.com/ftXN5JIfCo
— Formula1 Videos (@518mc) June 30, 2019
Возачот на Ферари, водеше во текот на целата трката, стартуваше од пол позицијата и се до 68. круг ја имаше победата в џеб, но поради инцидентот и двајцата возачи се под истрага на стјуардите на трката. На третото место се најде возачот на Мерцедес, Валтери Ботас.
Verstappen crosses the line –
F1's youngest ever top-two finishers took it to the last lap #AustrianGP #F1 pic.twitter.com/wPRECyzYvm
— Formula 1 (@F1) June 30, 2019
Токму инцидентот по кој беше одлучен победникот ја одбележа трката која изболилуваше со многу претекнувања и конечно во деветтата трка сезонава беше прекината доминацијата на возачите на Мерцедес, Хамилтон и Ботас кои славеа на претходните осум трки.
LAP 69/71
He does it now, Leclerc running wide#AustrianGP ??#F1 pic.twitter.com/xxjvESsxr0
— Formula 1 (@F1) June 30, 2019
Макс Ферстапен трката ја започна од второто место, но по слабиот старт падна на шестата позиција но како одминуваше времето тој имаше сè подобар ритам. Успеа да ги претекне сите фаворити, прво Хамилтон, па Фетелод Ферари, потоа следеше Ботас и на три круга до крајот ги помина и Леклер.
Себастијан Фетел конечно успеа да добие еден возачки дуел со Хамилтон, успеа во финишот да го помине актуелниот шампион и да дојде до четвртото место. Од шестата до 10. Позиција се пласираа Ландо Норис од Мекларен, Пјер Гасли од Ред Бул, Карлос Саинц од Мекларен и возачите на Алфа Ромео, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.
Лидер во генералниот пласман останува Луис Хамилтон со 197 бодови, а го следат клупскиот колега Валтери Ботас со 166 и славеникот од „Ред Бул ринг“, Макс Ферстапен со 126 бодови. Наредната трка ќе се вози на 14 јули кога на програмата е трката за Големата награда на Британија на патеката Силверстон.