Фантастичниот Циципас го победи Зверев и се пласира во полуфиналето

twitter: ATP Tour

И двајцата тенисери во овој дуел влегоа со победи во првото коло и влогот од вечерашниот дуел беше пласман во полуфиналето. На крајот далеку поуспешен беше Стефанос Циципас кој со 6:3,6:2 го победи Зверев и си обезбеди место меѓу полуфиналистите на завршниот Мастерс.

Иако се очекуваше голема борба на двајцата млади тенисери, рамноправа игра имаше само во првите шест гема (3:3) по што на теренот доминираше само еден тенисер, Стефанос Циципас. Со еден брејк во првиот сет дојде до триумф од 6:3, а со одлична игра продолжи во вториот сет.

Веднаш успеа да направи брејк и да го одземе сервисот на противникот за водство од 4:1 и до крајот рутински си ја одработи задачата за втор триумф кој му донесе пласман во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот