Фантастичната стоп-анимација „Wildwood“ ве води во маѓепсана шума вон границите на Портланд

Ако постарите генерации беа вљубени во „Labyrinth“ на Џим Хенсон, тогаш поновите ќе се вљубат во „Wildwood“ /

Адаптацијата на романот на Колин Мелој, илустриран од Карлсон Елис, ќе биде во режија на претседателот и извршниот директор на анимационото студио, Тревис Најт.

Студиото за анимација „ЛАИКА“ штотуку го најави својот следен проект—стоп-анимирана адаптација на романот „Wildwood“, чиј автор е Колин Мелој, главниот пејач и текстописец на групата „The Decemberists “.

Во април годинава се рашири веста за тоа дека анимационото студио планира за прв пат да влезе во водите на играниот филм, преку продукцијата на адаптацијата на романот „Seventeen“ од авторот Џон Браунлоу. Сепак, јасно е дека „ЛАИКА“ не се откажува од оригиналната страст – анимацијата.

Ако постарите генерации беа вљубени во „Labyrinth“ на Џим Хенсон, тогаш поновите ќе се вљубат во „Wildwood“

„Wildwood“ е фантастична приказна што се случува вон границите на градот Портланд, каде никој не би требало да се осмели да оди. Приказната ја следи младата девојка Пру МекКил, чие мало братче е киднапирано од јато гаврани.

Заедно со својот беспомошен соученик Куртис, Пру влегува во маѓепсаната шума во потрага по својот брат, надевајќи се дека ќе успее да го спаси и врати назад. Пру можеби верува дека е многу возрасна за бајки, но таа самата ќе се најде во една од нив. Ова е свет исполнет со чудни животни што зборуваат, разбојнички банди и моќни мрачни фигури.

Режисерската палка е во рацете на Тревис Најт

Иако деталите за анимацијата се ограничени во овој момент, засега е познато дека адаптацијата на романот „Wildwood“, илустриран од Карлсон Елис, ќе биде во режија на претседателот и извршниот директор на „ЛАИКА“, Тревис Најт.

Неговата кариера континуирано бележи успеси како „Кубо и двете жици“ што му донесе номинација за Оскар и одличниот приквел на „Transformers“, „Bumblebee“, додека пак за кинематографијата на филмот ќе биде задолжен повеќекратниот кандидат за Оскар, Кејлеб Дешанел, чие име стои зад кинематографијата на филмовите како „The Right Stuff“, „Patriot“, како и првиот дел на „National Treasure“.

Студиото „ЛАИКА“ денес претставува едно од најамбициозните студија за анимација, а меѓу низата стоп-анимации што го прославија студиото се и „Coralline“, „ParaNorman“ и „Missing Link“ – визуелно возбудливи авантури што со своите неверојатни сетови ја будат фантазијата на публиката без разлика на возраста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот