Фантастична сезона: Баварците триумфираа на сите мечеви во ЛШ!

фото: EPA-EFE/Miguel A. Lopes

Гигантот од Минхен денеска во Лисабон направи нешто што ниту една екипа досега не успеала. Баерн ја освои титулата европски шампион со 11 победи на сите натпревари оваа сезона во ЛШ.

Во групната фаза, поточно во групата „Б“, забележа по две победи против Тотенхем (2:7, 3:1), Олимпијакос (2:3, 2:0) и Црвена звезда (3:0, 0:6).

Потоа, во осминафиналето две победи против Челси (0:3, 4:1), во четвртфиналето „прегазена“ Барселона со 8:2, во полуфиналето со 3:0 елиминиран Лион и вечерва против ПСЖ (1:0).

Севкупно 43 реализирани голови и воедно Германците ја добија најголемата парична награда во историјата на ЛШ за постигнатите резултати сезонава од 82.450.000 евра.

Да додадеме уште дека во сезоната 2007/2008 и Манчестер јунајтед дојде до титулата во ЛШ без пораз, но на три натпревари одигра нерешено, а во финалето на пенали го совлада Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот