Фантастична поддршка: 5000 македонски навивачи за „пекол“ на Чесите во Виена!

фото: ehf-euro.com/Jure Erzen/kolektiffimages

И самите ракометари се свесни дека ќе играат како на „домашен терен“, па дефинитивно шансите за нова радост на континенталниот собир стануваат поголеми.

Се зголемува бројот на нашите ракометни фанови во Виена, денеска од 16.00 часот во второто коло Македонија ќе игра против Чешка, со нов триумф ќе се обезбеди настапот во главната фаза на Европското првенство.

Се чувствуваше поддршката во првиот натпревар против Украина, а таа според најавите ќе биде уште поголема од трибините.

Се очекува околу 5.000 илјади македонски навивачи да ги бодрат избраниците на селекторот Данило Брестовац на патот кон бодовите во рамките од „Б“ групата.

И самите ракометари се свесни дека ќе играат како на „домашен терен“, па дефинитивно шансите за нова радост на континенталниот собир стануваат поголеми.

Се надеваме дека и најдобрите македонски ракометари ќе се надминат себеси и докажат барем на хартија зошто се „благи фаворити“ за првото место во Виена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот