Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е најзаслужен за триумфот на неговиот Хувентуд од 79:72 над Монако во третото коло од втората рунда во Еврокупот.
Димитријевиќ сам го носеше својот тим во првото полувреме кога на неговите соиграчи не им одеше ништо од рака. Монако го доби првиот дел со 38:40, а Димитријевиќ постигна 15 поени.
Во вториот дел се разиграа и неговите соиграчи и на крајот успеаја да дојдат до победа од 79:72 по која Хувентуд остана единствен со максимален ефект по три кола во групата Е.
Димитријевиќ натпреварот го 22 поени, три скока и две асистенции.