Фантастична најава на новите „галактикоси“
Новиот реновиран состав на Реал Мадрид во кој Флорентино Перез вложи 300 милиони евра конечно ќе го има дебито на фудбалскиот терен. Новите „галактикоси“ во 2 часот по полноќ ќе играат против Баерн Минхен како дел од подготовките за новата сезона.
Дебито на Реал Мадрид во кој главна ѕвезда на тимот е Еден Азар е едно од најисчекуваните во Шпанија и поради тоа тиражната „Марка“ на фантастичен начин го најави натпреварот кој ќе се игра во Хјустон.
Натпреварот се игра точно 50 години по стапнувањето на човекот на Месечината.
„Ноќ без сон“ е големиот наслов на насловната страница на „Марка“.
„Во ноќта на 20. кон 21 јули 1969 година, луѓето на цела планета не спиеја очекувајќи го спуштањето на човекот на Месечината. Денеска, 50 години подоцна, никој нема да спие во пресрет на првиот меч на Реал со новиот „галактикос“ Азар. И тоа во Хјустон“, пишува „Марка“ на насловната страница.
На НРГ стадионот на кој настапува НФЛ тимото на Хјустон тексанс, се очекуваат 70.000 навивачи кои ќе го проследат дебитантскиот настап за Реал Мадрид на Еден Азар, Лука Јовиќ, Ферлан Менди, Родриго, Едер Милитао.