Фантастичен стајлинг на Маргот Роби! Фармерки што им стојат на сите (ФОТО)

Фармерките во стилот на 70-те се апсолутен хит, а Маргот Роби успеа совршено да ги искомбинира. Фотографирана е во Њујорк каде што се наоѓа поради промовирање на новиот филм на Тарантино („Once Upon a Time In Hollywood“), каде и таа е еден од главните ликови.

Profimedia

Таа ги искомбинира фармерките со широки ногавици, заедно со класичен црн џемпер на „Шанел“ и високи потпетици во истата боја.

Profimedia

Овој модел на фармерки ласка на сечија фигура. Доколку се борите со неколку килограми плус, длабокиот струк ќе ги сокрие недостатоците, а должината одлично им прилега на сите висини.

Доколку случајно се двоумите во кој тип на фармерки да вложите пари оваа есен, одговорот е токму во фармерките кои ги избра познатата глумица.

Русите локни на актерката исто така совршено се склопија во целата модна приказна. Ова е одличен пример за еден совршен стајлинг, класика која нема грешки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот