Фантастичен пресврт на Ливерпул, Мане во судиското продолжение погоди за триумф

twitter/premierleague

Екипата на Астон Вила се наоѓаше пред сензационална победа, на три минути до крајот на средбата имаше водство од 1:0, но Ливерпул покажа дека со право е главен фаворит за титулата.  Астон вила поведе со голот на Трезеге во првото полувреме, но Ендрју Робертсон во 87. минута го израмни резултатот, за трите бодови за Ливерпул да ги обезбеди Садио Мане кој по корнерот на Александер-Арнолд во 94. минута највисоко скокна и топката ја смести во мрежата на противникот.

Со новата победа, Ливерпул по 11 натпревари во Премиер лигата, има 31 бод, додека на второто место се наоѓа Манчестер сити кој многу потешко од очекувањата со 2:1 го совлада Саутемптон кој во првото полувреме преку Ворд-Проус ги шокира “граѓаните“. Сепак, фидбалерите на Сити, прво преку Агуеро во 70. минута израмнија, а во самиот финиш Кајл Вокер да постигне гол за нови три бодови.

Арсенал втор натпревар пред своите гледачи не успеа да слави, овој пат „топчиите“ ремизираа против Вулверхемптон играјќи 1:1.  Обамејанг стрелаше за Арсенал во првото полувреме, додека Хименез во голот во 70. минута му донесе бод на својот

Резултати: Борнмут – Манчестер јунајтед 1:0, Брајтон – Норвич 2:0, Манчестер сити – Саутемптон 2:1, Астон Вила – Ливерпул 1:2, Арсенал – Вулверхемптон 1:1, Вест хем – Њукасл 2:3, Шефилд – Барнли 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот