Фантастичен меч на „Џузепе Меаца“ со три пресврти и седум голови! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Еден одличен натпревар исполнет со дури седум голови на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано екипата на Интер славеше против Фиорентина со 4:3 во рамките од второто коло во Серија А.

Многу среќно уште од третата минута водеа „виолетовите“ со погодокот на Куаме, а израмни Мартинез со еден прекрасен погодок за израмнување. Уште еден доказ зошто Барселона толку многу го посакува потписот на аргентинскиот интернационалец.

„Неро-аѕурите“ од 52 минута беа во позитива после автоголот на Чекерини, а потоа гостите беа тие кои што направија целосен пресврт со погодоците на Кастровили и Киеза, и на двата гола асистент беше Рибери.

Но, и трет пресврт се случи на овој дуел, Интер го скрши отпорот на гостите за две минути благодарение на Лукаку и Д`Амброзио за прв триумф на „неро-аѕурите“ во нивниот прв меч сезонава.

На претходните три средби од саботната програма: Торино-Аталанта 2:4, Каљари-Лацио 0:2 и Сампдорија-Беневенто 2:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот