Фантастичен концерт на Симон Трпчески и пријателите

Вистинска реткост на музичката сцена е во една вечер да бидат изведени 18 композиции на автори од Македонија. Подвигот е уште поголем кога дел од композициите имаат светска или македонска премиера.

Симон Трпчески и Влатко Нушев (Фото (с): КултурОп / Ј.Лесански)

Таков подвиг, во суштина, е достоен на виртуозот на пијаното Симон Трпчески, кој на 24 ноември во големата сала на Филхармонијата настапи со девет свои музички пријатели, а заедно изведоа дела од 12 композитори во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика“.

Симон Трпчески и Шкељзен Бафтијари (Фото (с): КултурОп / Ј.Лесански)

„Слушнавме исклучително квалитетни уметници, кои ни приредија вечер што ретко се случува на концертите во други околности. Тие ни приложија внимателно избрани дела, кои ги изведоа со високо стилско и естетско ниво. Технички совршено со исклучителен однос кон формалната и содржинската структура на композициите, како и кон стилската карактеристика кон секое дело поединечно. Одлично обоени фрази, јасно потенцирана ритмичка пулсација, внимателен приод кон тонското и хармонското боење на сите авторски дела и нивните карактерни елементи“, констатира композиторот Стојан Стојков.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 58, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 28-29 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот