Фановите заплакаа: Екипата од серијата „Беверли Хилс“ на емотивен начин се збогуваше со Лук Пери (ВИДЕО)

принтскрин

Серијата „Беверли Хилс“ после повеќегодишната пауза која трае од деведесетите продолжува да се снима, и тоа со старата екипа. За жал, во ова остварување нема да биде Лук Пери, легендарниот Дилан, кој почина оваа година од последици од мозочен удар.

Екипата на „Беверли Хилс“ на емотивен начин се прости од познатиот американски актер, поточно со емотивна снимка.

Имено, на неа се гледа како Џени Гарт, која го толкува ликот на Кели Тејлор и Тори Спелинг, која го игра ликот на Дона Мартин, гледаат една од сцените на „Беверли Хилс“ од деведесетите во која Лук Пери, кој го играше ликот на Дилан Мекеј и Џејсон Пристли, кој го глумеше Брендон Волш.

принтскрин

Тие двајца во автомобил пристигнуваат до една плажа на Тихиот океан, а потоа Дилан на Брендон му вели.

– Добредојде во рајот, човеку. Добредојде овде каде што соновите се остваруваат – изговори Лук Пери како Дилан Мекеј.

Потоа, на екранот се појавува порака на која пишува „За нашиот пријател, Лук Пери“
Во текот на оваа сцена Џени и Тори за малку не заплакаа. Фановите секако пуштија солза после оваа емотивна сцена.

Погледнете ја сцената…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот