Фановите во транс: Бред Пит и Џенифер Анистон планираат тајна венчавка во Мексико!

Profimedia

После средбата на Џенифер Анистон (51) и Бред Пит (56) на доделувањето на овогодинешните САГА награди , тие сега наводно планираат романтична венчавка во Мексико.

Поминаа 15 години од разводот на Бред Пит и Џенифер Анистон, еден од омилените холивудски парови чија љубов и денес многумина не можат да ја заборават и го сакаат нивното смирување.

Нивните обожаватели беа пресреќни кога започнаа озборувањата за нивно смирување, посебно откако се сретнаа во Лос Анџелес, а нивните насмевки и допири ги забележаа камерите на присутните фоторепортери.

profimedia
Фото: Профимедиа

Еден од блиските пријатели на актерите заThe Mirror откри дека пред фамозната средба на црвениот тепих, тие уживале на најмалку 5 тајни состаноци и заедно ги поминале Божиќните празници во домот на Џенифер.

„Мислам дека таа никогаш не престана да го сака, иако ѝ го скрши срцето и ја остави поради Анџелина Џоли. Требаше многу време да му прости сè, а простувањето е голем чекор за сè да продолжи понатаму“, откри близок пријател.

Според пишувањата на „Life&Style“ парот се спрема својата љубов повторно да ја потврди со венчавка и тоа на една плажа во мексиканскиот Кабу.

„Бред сега најмногу сака да се скраси и да живее среќно со својата сродна душа Џенифер“, изјави изворот.

Profimedia

Според пишувањата на магазинот, неговите родители се воодушевени од одлуката и очекуваат дека на денот на венчавката ќе имаат голема улога, заедно со најдобрата пријателка на Џенифер, Кортни Кокс и пријателот на Бред, Бредли Купер.

„Сакаат сè да биде романтично и убаво. Венчавката ќе биде духовна и самите ќе ги напишат своите завети“, откри изворот и даде нова надеж за сите оние кои веруваат во смирувањето на своите омилени актери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот