Фановите тераат сеир со Мората по поништените три гола (ФОТО)

epa08782120 Juventus' Alvaro Morata reacts during the UEFA Champions Legue group G soccer match between Juventus FC and FC Barcelona in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Алваро Мората го предводеше нападот на Јувентус во дербито против Барселона, но шпанскиот напаѓач ќе настојува што побрзо да го заврши натпреварот.

Мората беше една од светлите точки на Јувентус во поразот од 0:2, оствари ретко виден потфат – постигна хет-трик но сите три гола му се поништени поради офсајд.

Интересно е што ова не му е прв пат судиите да му поништат три гола поради офсајд на еден натпревар, во сезоната 2016/17 кога настапуваше за Реал Мадрид постигна три непризнати гола на Лас Палмас.
Навивачите немаа милост кон Мората и му удрија сеир на Шпанецот на социјалните мрежи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот