Фановите шокирани од изгледот на мајката на еден од најзгодните актери во светот: Таа и твојата жена изгледаат исто (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Австралискиот актер Крис Хемсворт (36) во јавноста покажа како изгледа неговата мајка Леони (60), учителка во Мелбурн и поради тоа многумина остнаа вчудоневидени од нејзиниот младолик изглед.

Крис Хемсворт со неговата мајка Леони (60) и сопругата Елси (43)

Крис на својата мајка и сопругата Елси Патики (43) им го честиташе денот на мајките и поради таа прилика објави нивна заедничка фотографијана својот профил на Инстаграм. Кога неговите следбеници виделе како изгледа Леони во седмата деценија од животот, не можеа да го сокријат воодушевувањето.

– Среќен ден на мајките на сите неверојатни мајки, сите ве поздравуваме – напиша актерот во описот на својата објава која предизвика голем број реакции и коментари.

Крис Хемсворт со неговата мајка Леони (60)

„Твојата мајкa и жена изгледааат како да имаат ист број на години и тоа не е навреда за твојата атрактивна жена“, „Мајка ти изгледа многу младо“, „Мајка ти е преубава“ – се само дел од коментарите.

Актерот пред година дена објави фотографија со родителите, а ниту тогаш не изостанаа комплиментите на сметка на неговата мајка, но и татко.

Многумина коментираа дека ништо помалку не очекуваа ниту од родителите, кога Крис и неговиот брат Лијам Хемсворт важат за едни од најсекси јавни личности во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот