Фановите разочарани од дрскоста на Мадона: Кралицата никогаш не доцни, но и не наплаќа 600 долари за седиште

Profimedia

Настапите на Мадона на турнејата Мадам X често почнуваат со повеќе часови доцнење. Многу нејзини фанови се незадоволни, а еден дури и ја тужел, бидејќи смета дека се работи за кршење на договорот.

Во тужбата се наведува дека продавачот на влезниците одбил да му рефундира повеќе од 1.000 долари за вредноста на влезниците, откако времето на почетокот на настапот на Мадона било поместено.

Но изгледа дека Мадона воопшто не е загрижена поради незадоволството на нивните фанови.

„Постои нешто што сите треба да го знаете, а тоа е дека кралицата никогаш не доцни“, изјавила Мадона во текот на настапот во Лос Анџелес, а подоцна и објавила клип на Твитер.

Меѓутоа на многу нејзини обожаватели тоа не им се допадна.

„Кралицата никогаш не доцни, но и не наплаќа 600 долари за седиште. Кралицата Марија Антоанета не ги почитувала своите поданици, па ги изгубила. Меѓусебното почитување е сосема различно од пристапот „подобра сум од вас“, кој е резултат на егото. Концертот во Вегас беше убав, но задоцни“, ѝ порачал Марк Персонс на Твитер.

„Те сакам и едвај чекам да те видам, но во заблуда си. Сигурно ги гледаш коментарите на незадоволните луѓе, но ти коментираш со чист презир. Обиди се да се извиниш, тоа е доблест“, рекол корисникот СуперДевин 64.

„Бевме на настапот во Лас Вегас, кажено ни е да дојдеме до 21.30, а чекавме два и пол часа за Мадона да се појави на сцената. Не се извини, излезе дека ние сме виновни што сме дошле прерано. РИП на нашата некогашна кралица“, пишува друг корисник на Твитер.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот