Фановите покренаа петиција да се смени логото на НБА во чест на Коби

twitter/Comicbook.com

НБА лигата и спортскиот свет го живеат првиот ден по заминувањето на Коби Брајант.

Легендата на ЛА Лејкерс и на НБА е голема загуба за кошарскарскиот свет, а челниците на лигата можат да му укажат чест и да го сменат логото на НБА во негова чест.

Огромен број фанови покренаа петиција за промена на логото на НБА лигагата и наместо силуетата на Џери Вест, да стои силуетата на Коби Брајант.

Останува да се види дали првите луѓе на НБА лигата ќе го уважат барањето на огромен број на фанови.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот