Фановите не веруваат дека Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Познати се полуфиналните двојки на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во машка конкуренција, првиот светски рекет Карлос Алкараз во „финале пред финалето“ ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Во второто полуфинале во Париз Александар Зверев ќе ги одмери силите против Каспер Руд.

Пред одигрувањето на полуфиналните мечеви, фановите гласаа во анкета на порталот „tennisnow“ кого го гледаат во завршната борба за титулата.

Само 10,3% веруваат дека српскиот ас Ѓоковиќ ќе игра за трофејот, против Германецот Зверев, а 23,1% против Норвежанецот Руд.

Многу повеќе сметаат дека Шпанецот Алкараз ќе биде финалист (42,3%) и дека ќе игра за титулата против Руд, а 24,4% дека противник ќе му биде Зверев.

Ноле го делат уште само две победи да ја освои рекордната 23 грен слем титула и биде најдобар на сите времиња.

Полуфиналните мечеви се закажани за в петок (9 јуни) со почеток од 15.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот