Фановите на ФК Лос Анџелес им оддадоа почит на Коби и Џиџи (ФОТО)

твитер

Фудбалскиот тим Лос Анџелес го одигра првиот натпревар на домашен терен оваа година на кој им оддаде последна почит на трагично загинатата легенда на градот Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.

Фудбалскиот тим на Лос Анџелес вчера и официјално ја стартуваше сезоната во 2020 година со натпреварот во Лигата на шампионите на КОНКАКАФ зоната против мексиканскиот Клуб Леон.

Фудбалерите на Лос Анџелес успеаја на својот стадион да слават со 3:0 со што успеаја да ја надоместат негативата од првиот натпревар (0:2) и обезбедија пласман во наредната фаза.

Натпреварот го одбележаа навивачите на домашниот тим со кореографија му оддадоа последна почит на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана кои загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари.

twitter/LAFC

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот