Фановите на Ана Николиќ се брутални: Жено, оди на лекар додека не е доцна! (ФОТО)
Познатата српска пејачка Ана Николиќ (41) веќе некое време е во центарот на вниманието поради физичкиот изглед.
Мислењето на нејзините многубројни следбеници е поделено – додека на едни им изгледа најдобро досега, други коментираат дека е анорексична идека итно треба да побара стручна помош.
Имено, популарната пејачка на Инстаграм објави фотографија со која поттикна лавина од коментари. На неа позира во дамски фустан со нежни тонови, но наместо облеката, во прв план паѓа нејзината килажа.
View this post on Instagram
✨….ali faca na drugoj slici….JE SVEEE STO BIH REKLA…ALI ME VISE MRZI I DA PRICAM!
– Но фацата на втората фотографија… е се’ што би сакала да кажам… но веќе ме мрзи да зборувам – напиша Ана во описот на двете ојавени фотографии.
Набрзо следуваа коментарите од нејзините следбеници:
„Веднаш на лекар“,, „Е, супер што ослабна. Сега душманите живи се јадат што немаш вишок килограми.“, „Да не си болна од анорексија? Оди на лекар додека се’ уште не е доцна.“, „Жено, што направи од себе?“ – се само дел од многуте коментари.