Фановите ја искритикуваа Лиз Харли за фотката во бикини: Не би требало така да стоиш!

Фото: Принтскрин - Instagram

На Елизабет Харли (54) секогаш и успева да ги привлече погледите кога ќе прошета во бикини, а и овој пат сподели фотографија во син костим за капење, на која гордо позира и ја истакнува својата линија.

Иако многумина го пофалија нејзиниот изглед, некои од нејзините фанови сметаат дека претерала со уредувањето на фотографијата, како и со начинот на позирање.

„Оваа фотографија е фотошопирана, зошто Лиз? Не би требало ни така да стоиш. Зошто ги шириш нозете?“, и пишуваа следбениците.

Instagram

Лиз со фотографијата го претстави бикинито од нејзината колекција, а во описот напиша дека ова и е едно од омилените.

Во моментов таа живее со мајка и Ангела во вила со 13 соби. Една од собите ја уредила како гардеробер, во кој ја чува својата облека.

„Живеам блиску до Велс. Мајка ми се пресели кај мене. Овде немам пријатели, ама сум организирана и имам повеќе време“, рекла Лиз.

„Би сакала лудо да се вљубам во некого, што сигурно нема да се случи додека сум затворена со роднините. Можеби кога ќе заврши ова. Тогаш ќе ги вклучам предните светла и ќе се потрудам“, вели манекенката.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот