Фановите „беснеат“ кон Бејл, на тренингот игра голф, Зидан веднаш реагира! (ВИДЕО)

фото:твитер

Велшкиот интернационалец заигра голф на најновиот тренинг на „кралевите“, а тоа веднаш го снимија камерите.

Герет Бејл на тој начин потсети на своите претходно изјави со кои ги налути своите фанови.

– Имам договор уште три години и доколку сакаат да се ослободат од мене, ќе мора да ми исплатат 17 милиони евра по сезона. Доколку не сакаат, ќе останам во клубот и ќе играм голф – беа зборовите на Бејл во мај оваа година.

Сега покажа дека и на тренинзите може да игра голф, или барем се препрева дека го игра овој спорт.

Медиумтие и навивачите повторно бурно реагираа, а предизвика и реакција на тренерот на мадридскиот гигант, Зинедин Зидан.

– Ќе ви кажам што мислам, а клубот можеби нема да се согласи со мене. Што сакаат нека прават во своето слободно време, не им забранувам на играчите. Доволно се возрасни дека и самите знаат како мораат да се однесуваат – вели Зидан на пресот пред дуелот со Еспањол.

Мечот од шпанската „Ла Лига“ ќе се одигра в сабота од 13.00 часот на „Бернабеу“. „Кралевите“ поради повреди барем според првите најави нема да може да сметаат на Асенсио, Бејл, Азар, Лукас, Марсело, Начо и Родригез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот