ФАКТИ за сигналот „СОС“: После ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА сите почнале да го користат препознатиливиот повик за помош

Фото: Профимедиа

На денешен ден, познатиот СОС сигнал е прифатен како крик или повик за помош, а ова е приказната за тоа како е усвоен и кои се најинтересните факти и приказни поврзани со него.

Меѓународно признатиот сигнал за помош е воспоставен во комуникацијата пред точно 112 години, и покрај фактот што комуникациската технологија денес е многу понапредна за разлика од деновите кога се користела Морзеовата азбука, а овој термин сè уште насекаде се користи. Сигналот го создале британското друштво „Маркони“ и германскиот „Телефанк“, кои го вметнале во берлиското радио во 1906 година, за правилно да биде претставен дури две години подоцна. Со тоа Германија станала прва земја која го усвоила сигналот СОС.

Наспроти популарното верување дека СОС значи „спаси ги нашите души“ (save our souls), „спаси го нашиот брод“ (save our ship) или „испратете ни помош“ (испрати го нашиот помошник), ова во суштина не значи ништо. Дури подоцна, фразата „спаси ги нашите души“ стекнала популарност.

На Берлинската конференција за воспоставување универзален сигнал за помош, СОС за малку не бил наречен „SOE“. Британците користеле „CQD“, Италијанците „SSSDDD“, a Германците „СОЕ“, меѓутоа тоа „Е“ на крајот било претставено со една точка од морзеовата азбука, која можела лесно да се прочита, па така „Е“ било заменето со „С“.

Сигналот официјално е воведен на 1 јули 1908 година, а речиси една година подоцна го употребил бродот „СС Славонија“, кој среде густа магла се насукал на индонезискиот остров Флорес на 10 јули 1909 година. Сигналот СОС бил испратен, што всушност значи прва негова употреба. Своевремено, се спасени сите членови на екипажот, па дури и робата која ја превезувал бродот, како 400 вреќи полни со кафе, 1.000 бакарни шипки и 200 барели нафта.

Иако е употребен само една година откако е претставен, на светот му требало извесно време за да почне да го користи СОС-сигналот. Дури и екипажот на „Титаник“ не го искористил СОС-сигналот веднаш, прво го употребил стариот сигнал за помош „CQD“.

СОС е заменет во 1999 година, кога државите започнале со воведување на нов, сателитски систем за сигнализација на море. Овој систем е познат како „GMDSS“ (Глобален поморски систем и безбедносен систем). Сепак, СОС сигналот сè уште е признат како стандарден систем за помош, што може да се користи со било кој метод на сигнализација. Па така, може да се користи како визуелен сигнал, на пример со три кратки, па, три долго-три кратки трепкање со светлината. Во некои случаи, луѓето ги пишувале буквите СОС на земја со стап или со помош на камења.

Постојат неколку други примери во историјата, но најпознатиот СОС сигнал сепак беше испратен од „РМС Титаник“, кој потона во 1912 година кога удри во ледениот брег. Сигналите за помош биле испратени безжично, со ракети и ламби, но ниту еден од блиските бродови кој одговорил на повикот не бил доволно близу за да стигне до Титаник пред тој да потоне. Од 2.224 патници и членови на екипажот, се проценува дека загинале повеќе од 1.500 луѓе.

Додека бродот тонел операторите праќале пораки и сигнали „CQD“.

Иако првиот СОС сигнал не е испратен од „Титаник“, како што вообичаено се мисли – бродовите го користеле три години пред фаталното патување во 1912 година, но неговото потонување направило пресврт во користењето на овој сигнал. По бродоломот, сите го прифатиле СОС сигналот како примарен повик за помош на море.

Дека СОС сигналот се користи и денес, сведочат приказни не само за бродови, туку и за животни искуства на поединци, кои се спасени благодарение на него.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот