Факти за новиот коронавирус Ковид-19 (ВИДЕО)

Новиот коронавирус Ковид-19 е помалку опасен од Сарс, но се реплицира уште во горниот дел на дишниот тракт, што го прави многу позаразен. Карактеристика на Сарс беше репликацијата длабоко во белите дробови, што го прави помалку заразен, но далеку поопасен – Ова го истакна Професорот Хендрик Штрек, раководител на Институтот за вирологија на Универзитетската клиника во Бон, кој откри нови симптоми на заразата со Ковид-19.

Неколкудневно губење на чувството за мирис и вкус е констатирано кај дел од пациентите во Германија кои биле заразени со новиот коронавирус, вели професорот Штрек, кој тестирал најголем број пациенти заразени од коронавирусот во Германија. Засега, не може со точност да се утврди кога се манифестираат тие симптоми.

Засега знаеме и дека децата се заразуваат од вирусот исто толку колку и возрасните, но тие развиваат само лесни, или дури и никакви симптоми.

Сепак, според последните податоци од Европа и САД, се испоставува дека младите, полнолетни лица, не се толку отпорни на новиот тип на коронавирус, како што првично се мислеше. Според податоците на компанијата Статиста, речиси четвртина од приближно 28.000 заразени во Италија, се на возраст од 19 до 50 години.

Според друга студија спроведена во Италија, речиси половина од починатите имале најмалку три болести и една четвртина имала една или две болести пред коронавирусот. Исто така, истражувањетоло покажало дека 75 отсто од луѓето кои починале, имале висок крвен притисок и 35 отсто се соочувале дијабетес, додека третина имале срцеви заболувања.

Во моментов и многу фирми и научни организации ширум светот, особено САД и Кина, сакаат да развијат вакцина против коронавирусот. Пред само два дена, во американскиот град Сиетл беше тестирана првата вакцина против Ковид-19 на околу 40 волонтери.

Погледнете неколку познати факти за Ковид-19 во ова видео:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот