„Фајзер“ со одлични вести: Лек против коронавирусот може да биде достапен веќе од есента

Фајзер/ Фото: EPA

Компанијата „Фајзер“ соопшти дека до крајот на мај годинава ќе ја заврши првата фаза од клиничките испитувања, а најави први антивирални лекови против коронавирус за есен годинава.

Лекот се покажал како одличен во спречувањето на ширењето на вирусот, а тестирањето на луѓе ќе се врши во САД и во Белгија до крајот на годинава, пренесе „Дејли мејл“.

Станува збор за лек кој е создаден од тим на научници од Институтот Гете во Франкфурт, кој спречува размножување на вирусот и е комплементарен со вакцините. Тоа значи дека можеме да го користиме кај вакцинирани и невакцинирани лица, како и кај секој што ќе биде заразен со ковид-19 во иднина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот