„Фајзер“ очeкува да продаде вакцини за 26 милијарди долари

Фајзер/ Фото: EPA

Американската фармацевтска групација „Фајзер“ соопшти дека очекува во 2021 година да продаде 1,6 милијарди дози од својата вакцина против ковид-19, развиена во соработка со Бионтех, за околу 26 милијарди долари, многу поголема сума од очекуваното.

На крајот на февруари, компанијата процени дека годинава може да продаде дози вакцини за околу 15 милијарди долари. Оттогаш, компанијата потпиша нови договори за 2021 година, поточно со Европската комисија.

„Фајзер“ склучи договори за снабдување со вакцини со Канада и со Израел по 2021 година, а преговара и со други земји.

„Фајзер“ до 3 мај дистрибуира речиси 430 милиони дози вакцини во 91 земја и територии низ целиот свет.

Вкупниот промет за 2021 година е помеѓу 70,5 и 72,5 милијарди долари наспроти 59,4 – 61,4 милијарди според претходните проценки. Компанијата веќе продаде вакцини во вредност од 3,5 милијарди долари во првиот квартал.

Освен вакцината против ковид-19, напреднаа и другите активности на Фајзер – прометот е зголемен за осум отсто. Приходите на лабораторијата се зголемија за 45 проценти на 14,6 милијарди долари, додека аналитичарите предвидоа само 13,6 милијарди долари.

Така, нето добивка на Фајзер забележа раст за 45 проценти и изнесува 4,9 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот